Водно
Водно е средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина, северна Македонија. Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 м. каде се наоѓа колосалниот Милениумски крст. До крстот сообраќа кабинска жичница која го носи неговото име.
Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, тој е еден од највисоките градби во Македонија. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.