Бабуна - Козјак
Бабуна е македонска средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Македонија, а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле.
Највисок врв е Козјак (1.747 m). На запад Бабуна продолжува во планината Злато (Златоврв 1.422 m). Билото има динарски правец на протегање СЗ–ЈИ. Меѓу превалите најзначаен е Присад преку кој минува регионалниот пат Велес–Прилеп.
На Бабуна од културно-историските споменици се издвојува манастирот Трескавец.