Илинска Планина

        Илинска Планина е средновисока планина во западна Македонија и е една од најстарите планини на Балканскиот Полуостров. Планината е богата со различни видови на шуми, пасишта, извори на ладна планинска вода, различни растенија и животни. Поради неверојатно чистиот воздух и идеалната клима, ова место е измислено како за зимски така и за летен туризам. Љубителите на природата вистински ќе ја почувствуваат сета убавина и благодет која извира од секоја недопрена идила.

        Илинска Планина се граничи со Плакенска Планина на југ, на запад се наоѓа котлината „Дебарца“, а на исток котлината „Суво поле“, на север се расчленува во повеќе ридови кои завршуваат по течението на реката Треска. Илинска Планина се протега во правец Северозапад- Југоисток. Јужно од Кичево на Исток кон Демир Хисар и на Запад кон Охрид. Тоа е голем масив на разни котлини долини и пасишта. Илинска Планина е богата со разновиден свет од растотелно и животинско потекло. Највисок врв е Лиска со 1908 м надморска височина. Од Врвот Лиска може да се виде и Охридско Езеро. Од подножјето на Илинска Планина извира и Црна Река.

        Илинска Планина се вбројува меѓу еколошки најчистите места во Македонија бидејќи располага со најчисти шумски и лековите билки и плодови.

       Од највисокиот врв Лиска ќе го изгубите здивот од погледот во најубавото Охридско Езеро. Можеби, за многумина тоа е и предизвикот да го искачат овој врв.

       До врвот Лиска може да се стигне преку селата Прострање, Велмевци како и преку Големо и Мало Илино преку манастирот Св. Илија од Демирхисарска страна, и од с. Велмеј од Охридската страна.