Јабланица
Јабланица — планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро. Највисок врв е Црн Камен, со 2.257 м.
До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Оддалечена е 14 км од Охридското Езеро и градот Струга. На Македонија ѝ припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец (35 км), а најголемата широчина во Македонија изнесува 7,5 км. На македонска страна зафаќа површина од 255 км².
Јабланица ужива популарност кај планинарите, кои често ја посетуваат.
Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м) и Чумин Врв (2.125 м). За време на ледениот период, високите делови биле зафатени cо интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири леднички езера.
Планината е богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се Вевчанските.