Подино

        Населбата си го добила името според својата местоположба, односно се простира во подножјето на Орлак планина. Се споменува дека над селото се наоѓа стара локација на село, која подинчани ја нарекуваат Старо Подино. (Во 1900 година регистрирани се две села Подино. Горно Подино со 85 жители и Долно Подино со 115 жители).

        Населбата се наоѓа на северниот дел на Битолско Поле, а во иста насока и на територијата на Општина Могила. Селото е ридско на 660 м надморска височина. Од Могила е оддалечено 18 км., а од Битола 25 км. Атарот зафаќа простор од 6,3 км2. и има рамнинско-ридски карактер. Селото во основа има полјоделска функција.

        Населбата е мала и е населена со македонско население. Така во 1961 година селото имало максимум 194 жители, а во 2008 година Подино имало 50 жители. Најголем број од населението е иселено во Битола, Прилеп, Ивањевци, прекуокеанските земји и Европа.

        Родови во Подино се: Бошевци (5 куќи), Котевци (2 куќи) и Секуловци (9 куќи) староседелци, кои живееле во Старо Подино.

        Од родот Секуловци потекнува познатиот револуционер Ѓорги Сугарев. (татко Коте и мајка Менка).

        Во селото има црква посветена на Св. Богородица (1929). Слава е Мала Богородица.

        Св. Богородица е археолошки локалитет во битолското село Подино. Локалитетот претставува осамен наод од старохристијанско време. Се наоѓа во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ и во нејзиното дворно место, каде има неколку мермерни сполии, и тоа: мено од мермер вградено во скалите, пред влезот на црквата има голема мермерна плоча, а една парапетна плоча лежи покрај апсидата.

Цркви и Манастири

Рождество на Пресвета Богородица