Новоселани

        Новоселани е оддалечено 3 км од селото Лознани. Се наоѓа на крајниот северен дел на Битолско Поле, од десната страна на Црна Река.

        Селото е рамничарско на 610 м. надморска височина. Од Могила е оддалечено 17 км., а од Битола 24 км. Атарот е мал и зафаќа простор од 5,3 км2. Селото има полјоделска функција.

        Населбата е мала којашто во 1971 година броела максимум 227 жители. А во 2008 бројот се налаил на 39 жители. Бројот на иселеници изнесува над 100 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Прилеп, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.

        Во селото има црква посветена на Св. Ѓорѓи Победоносец. Подигната во 1860 година на стари темели, разрушена во Првата светска војна, обновена во 1931 година и најпосле во 1990 година. Ден на селото е Ѓурѓовден.

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи