Долно Српци

        Теренот каде е лоцирано самото село наликува на заоблен лак во вид на срп, затоа селото го именувале со сегашното име. Долно Српци е именувано бидејќи има и друго село со слична местоположба кое се вика Горно Српци.

        Населбата се наоѓа во Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Могила, од десната страна на Црна Река, а преку чиј атар води патот и железничката линија од Битола за Прилеп.

        Селото е рамничарско, сместено на 640 м надморска височина. Од Могила е оддалечено 8 км., a од Битола 18 км. Атарот е голем и зафаќа простор од 24,2 км2. и има рамнинско-ридски карактер. Селото е со полјоделско-сточарска функција.  Во него работи основно училиште до 9 одделение.  (подрачно училиште на ОУ „Кочо Рацин“ – с. Ивањевци).

        Од оваа населба се иселил значителен број од населението - околу 1000 лица. Во 1971 година селото броело 1558 жители. Во 2008 година имаше околу 500 жители. Најголем дел од населението се иселиле во Битола, Прилеп, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.

        Селската црква е посветена на Св. Теодор Тирон (изградена 1871 година, обновена по првата светска војна и во 2002 година). Слава на селото е Тодорица.

Цркви и Манастири

Свети Тодор

Св. Архангел Михаил