Алинци

        Населбата се наоѓа на крајниот северен дел од територијата на Битолско Поле. За прв пат се споменува во турските опширни дефтери од 1468 година. Селото било мало по големина со христијански храм посветен на Св. Ана (Мајка на Богородица).

        Тука на тоа место за прв пат се населил некојси Алин и формирал фамилија, и од таму е името Алинци.  Селото лежи во североисточниот дел од Општината Могила. Тоа е рамнинско, сместено на 604 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 26 км., а од Могила 16 км. Алинци има мошне мал атар којшто зафаќа површина од 4 км2. Селото има полјоделска функција.

        Алинци е православно македонско село. Народната традиција наведува дека селата Алинци и Мусинци се основани во втората половина на 18 век и нив ги основале двајца браќа Турци, Алија и Мусо, затоа селата порано се викале Али Оба и Муса Оба, така и се запишани на топографската карта. Денес, Турците во селото не живеат, бидејќи го напуштиле селото во средината на 19 век.

        Населбата отсекогаш била мала, во 1900 година била забележана како Алинци Долно со 150 жители, додека пак максималниот број на жители бил во 1961 година кога имало 276 жители, па поради емигарцијата се намали на 57 во 2002 и 35 жители во 2008 година. Најголем број од населението е иселено во Битола, Прилеп, а од 1969 година значителен дел од населението е иселено во прекуокеанските земји. Во Алинци има доселеници од мариовските села.

Слава на селото е Велигден.

Цркви и Манастири

Пресвета Богородица