Црничани
Името на населбата е во врска со црната земја што го покрива атарот на оваа село. Селото е ридско подигнато на 690 м. надморска височина. Од Могила е оддалечено на 14 км., а од Битола 24 км.
Населбата е мала. Во 1961 г. имало 295 жители, а во 2002 г. само 41 жител. Бројот на иселено население изнесува над 100 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, Прилеп, прекуокеанските земји и Европските држави. Во 2008 г. во селото имаше 40 жители.
Црквата во селото е посветена на Рождество на Пресвета Богородица. А селска слава е голема и мала Богородица.
Клепач е археолошки локалитет во битолското село Црничани. Локалитетот претставува населба од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, каде по површината на нивите се гледаат грамади од градежен материјал, остатоци од куќи и црква. Кај жителите постои верување дека овде била старата локација на селото Клепач.
Св. Петка е археолошки локалитет во битолското село Црничани. Локалитетот претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 200-300 м. западно од селото, покрај патот за селото. Најверојатно на оваа локација се наоѓала ранохристијанска базилика.