Дедебалци
Населбата се наоѓа речиси во средишниот дел на на Битолското Поле. Селото е рамнинско, сместено на 593 м. надморска височина. Лежи на локален пат, од Могила е оддалечено 10 км., а од Битола 20 км. Атарот зафаќа простор од 13 км2.
Дедебалци е средна по големина населба. Во последните децении бројот на жителите значително се намалил. Во 1961 година селото броело максимум 560 жители, а во 2002 година бројот се намалил на 288 жители. Бројот на емигрирано население изнесува над 200 лица. Најголем број се иселиле во Битола, Скопје, Демир Хисар, Европа и прекуокеанските земји. Во 2008 г. во селото имаше 266 жители.
Селска слава е Св. Воскресение Христово - Велигден.
Цркви и Манастири
Св. Воскресение Христово
Општина Могила