Кравари
Населбата се наоѓа јужно од Битола на оддалеченост од 4 км. Се протега по должината на магистралниот пат Битола-Лерин.
Кравари си го добила името по првите доселеници кои биле одгледувачи на крави. Селото е рамничарско, сместено на 587 м надморска височина.
Кравари е имиграциска населба бидејќи бројот на населението се зголемил од 234 жители во 1961 г., на 1 208 жители во 1994 г. Во 2002 г. тој број изнесувал 880. Од Кравари има околу 300 иселени жители во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.
Во селото има црква Св. Богородица (изградена во 1894 г., обновена во 1917 г., осветена во 1932 г., реконструирана во периодот од 1991 до 2005 г. Слава на селото е Голема Богородица на 28 август.
Цркви и Манастири
Пресвета Богородица
Општина Битола