Олевени
Околината на оваа населба била богата со многу оревови стебла, затоа жителите на околните села, олевенци прво ги викале оревци, а подоцна овој збор се трансформирал во олевци и на крај во олевенци, односно Олевени.
Олевени се наоѓа во југозападниот дел на територијата на општина Битола. Селото е ридско, на 650м м надморска височина. Од Битола населбата е оддалечена 9 км.
Олевени е мала населба којашто во 1953 г. имала максимален број од 302 жители, а во 2002 г. бројот се намалил на 157 жители. Бројот на емигрираното население изнесува над 200 лица.
Слава на селото е Атанасовден (15 мај).
Цркви и Манастири
Св. Атанас
Св. Ѓорѓи
Св. Илија
Св. Петка
Св. Ана
Параклис Св. Антониј
Општина Битола