Трново

        На околу два часа пешачење наспроти селото Будимирци, во подножјето на Кајмакчалан се стигнува до манастирот Свети Димитриј кој се наоѓа во атарот на исчезнатото село Трново (905 м. надморска височина), поради што е познат и како Трновски манастир. Трново е забележано во турскиот пописен дефтер уште од 1544/45 година. Храмот Св. Димитриј изграден е во 1860 г., разрушен во 1918 г., а обновен дури во 2000 г. На местото од селото има само рушевини од некогашни куќи

        Патеката води крај водите на Бела Река која е со изразито бистра вода и богата со автохтона речна пастрмка. По должина на целата патека ќе наидувате на полјани што изобилуваат со мајчина душичка и ајдучка трева.

        Храмот кој постоел со векови, неодамна е возобновен, a конаците од манастирот се сметаат за едни од најубавите во овај дел на Македонија. Со предходна најава кај некој од Здружението „Трновчица - Будимирци“ постои можност за ноќевање во конаците. Тие се грижат за одржување на хигиената и доградба на конаците во склоп на манастирот.

 

Цркви и Манастири

Св. Димитриј