Врањевци
Според една стара легенда селото си го добило името по големите јата на чавки-врани кои ги имало а и денес ги има на овој терен. Првпат под името Врановци населбата е запишана во турските опширни пописни дефтери за Битолската нахија од 1468 година. Се наоѓала во речиси во средишниот дел на Битолското Поле.
Населбата била ридска на 640 м. надморска височина. Атарот зафаќал простор од 9,1 км2. Во 1961 година селото броело 319 жители кога биле регистрирани максимален број на жители, сите македонци. Во 1994 година бројот се намалил на 33 жители. Најголем дел од иселените жители се доселиле во Горно Оризари, а дел во населбата Буковски ливади во Битола.
Поради проширување на рудникот Суводол, селото било раселено и денес е целосно уништено. Така атарот на селото е раскопан и е составен дел на рударско енергетскиот комбинат РЕК - Битола. Денес единствен сочуван објект е само дел од црквата Св. Димитриј што стои како на остров во површинскиот коп на рудникот.
Во атарот на Врањевци и околината имало 2 цркви, храм посветен на Св. Димитриј изграден во 1869 година, уништен во првата светска војна, а обновен во 1926 година. И храм Св. Теодор Тирон кој денес не постои.