Биљаник

        Селото од 1990 година се води за раселено. Името на селото потекнува од некоја Билјана или некојси Билјан. Прв податок за Биљаник среќаваме во турскиот пописен дефтер од 1568 година кога имало 175 жители сите христијани. Населбата се наоѓала во средишната зона на Битолското Поле, а на западниот дел на територијата на Општина Новаци.

        Селото били ридско, на 598 м. надморска височина. Од Новаци било оддалечено 3 км. Атарот бил мал и зафаќал површина од 5,8 км2. Биљаник била населба со благо намалување на бројот на населението. Во 1900 година селото имало 160 жители за да се зголеми на 318 жители во 1961 година. Отогаш па наваму бројот на жители во населбата постојано се намалувал. И во 1994 година достигнала до 107 жители сите македонци.

        Населбата е раселена, а поголем дел од населението добиле куќи и живеат во битолската населба Буковски ливади и Долно Оризари. Тоа е направено поради проширувањето на површинскиот коп на РЕК Битола. Така атарот на селото е раскопан и е составен дел на рударско енергетскиот комбинат.

        Храмот на селото (изграден 1856 година на темелите на стар храм, обновен во 1926 година по разрушувањето во Првата светска војна) бил еднокорабен и посветен на Св. Никола. Слава на селото било Св. Никола летен (2 Јуни). Во 2008 година селото се води како раселено.