Гарван

        На­сел­ба­та се на­о­ѓа во се­ве­ро­за­падни­от дел на те­ри­то­ри­ја­та на оп­шти­на­та Кон­че, во гор­но­то слив­но по­драч­је на Кри­ва Ла­ка­ви­ца. чиј атар се из­ди­га до ср­тот на пла­ни­на­та Сер­та и та­му се до­пи­ра со те­ри­то­ри­и­те на оп­шти­ни­те Не­го­ти­но и Штип. Се­ло­то е рид­ско на надмор­ска ви­со­чи­на од 570 ме­три. Од гра­дот Ра­до­виш на­сел­ба­та е од­да­ле­че­на 28 ки­ло­ме­три. Ата­рот за­фа­ќа про­стор од 10,4 km2. На шу­ми­те от­па­ѓа­ат 460,9 ha, па­си­шта­та за­зе­ма­ат 345.6 ha, a обра­бот­ли­во­то зем­ји­ште 129,2 ha. Се­ло­то има ме­шо­ви­та зем­јо­дел­ска функ­ци­ја.

        На­сел­ба­та е ма­ла, до­ве­де­на во фа­за на на­пол­но рас­е­лу­ва­ње, Во 1961 го­ди­на се­ло­то бро­е­ло 290 жи­те­ли, a во 1994 го­ди­на бро­јот се на­ма­лил са­мо на 23 жи­те­ли, ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние.

Цркви и Манастири

Манастир Св. Ѓорѓи

Среда Руса

Св. Илија

Св. Димитриј