Скоруша
Населбата се наоѓа на територијата на Општината Конче, во горното сливно подрачје на реката Крива Лакавица, од нејзината десна страна. Селото е ридско, на надморска височина од 530 метри, чиј атар се издига до сртот на планината Серта. Атарот зафаќа простор од 15,1 km2. На него преовладуваат шумите на површина од 709 ha, на пасиштата отпаѓаат 331 ha, а на обработливото земјиште 286 ha. Селото има мешовита земјоделска функција.
Од Скоруша се иселил голем број од населението и таа преминала од средна, во мала населба, населена со македонско население и се наоѓа во фаза на раселување. Така, селото во 1961 година имало 438 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 18 жители.