Лубница

        На­сел­ба­та се на­о­ѓа на за­пад­ни­от дел на те­ри­то­ри­ја­та на Оп­шти­на­та Кон­че во гор­но­то слив­но по­драч­је на ре­ка­та Кри­ва Ла­ка­ви­ца, чиј атар се из­ди­га до ср­тот на Ко­неч­ка Пла­ни­на, ка­де што се до­пи­ра со про­сто­рот на Оп­шти­на­та Де­мир Ка­пи­ја. Се­ло­то е рид­ско, на над­мор­ска ви­со­чи­на од 570 ме­три. Ле­жи на ло­ка­лен пат, а од гра­дот Ра­до­виш на­сел­ба­та е од­да­ле­че­на 20 km. Ата­рот е мош­не го­лем и за­фа­ќа про­стор од 45,7 km2. На не­го пре­ов­ла­ду­ва­ат шу­ми­те на по­вр­ши­на од 2.091 ha, на обра­бот­ли­во­то зем­ји­ште от­па­ѓа­ат 934 ha, а на па­си­шта­та 322 ha. Се­ло­то, во ос­но­ва има ме­шо­ви­та зем­јо­дел­ска функ­ци­ја.

        На­сел­ба­та е сред­на по го­ле­ми­на, но со на­ма­лу­ва­ње на бро­јот на по­пу­ла­ци­ја­та Луб­ни­ца во 1961 го­ди­на има­ла 592 жи­те­ли, од кои 582 би­ле Ма­ке­дон­ци, шест Тур­ци и че­ти­ри жи­те­ли Ср­би, а во 1994 го­ди­на 366 жи­те­ли, ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние.

Цркви и Манастири

Св. Константин и Елена

Манастир Св. Илија

Св. Ѓорѓи