Горни Липовиќ
Населбата се наоѓа во горното сливно подрачје на Крива Лакавица, на југозападната падина на планината Смрдешник, чиј атар се допира со територијата на Општината Василево. Припаѓа на Општината Конче. Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Радовиш населбата е оддалечена 19 km.
Атарот зафаќа простор од 18 km2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.106,8 ha, на обработливото земјиште отпаѓаат 298,6 ha, a на пасиштата 182,3 ha. Селото има полјоделско-шумарска функција. Во него работи основно училиште до IV одделение. Во 1961 година селото броело 377 жители, a во 1994 година бројот се намалил на 176 жители, македонско население.