Долни Липовиќ

        На­сел­ба­та се на­о­ѓа во источ­ни­от дел на те­ри­то­ри­ја­та на Оп­шти­на­та Кон­че, во из­во­риш­но­то слив­но по­драч­је на Кри­ва Ла­ка­ви­ца чиј атар се до­пи­ра со те­ри­то­ри­ја­та на Оп­шти­на­та Стру­ми­ца. Се­ло­то е рид­ско на над­мор­ска ви­со­чи­на од 310 ме­три. Од гра­дот Ра­до­виш на­сел­ба­та е од­да­ле­че­на 16,8 km.

        Ата­рот е го­лем и за­фа­ќа про­стор од 21.4 km2. На не­го пре­ов­ла­ду­ва­ат шу­ми­те на по­вр­ши­на од 1.511 ha, на обра­бот­ли­во­то зем­ји­ште от­па­ѓа­ат 524.7 ha, a на па­си­шта­та 72,6 ha. Се­ло­то има пол­јо­дел­ско-шу­мар­ска функци­ја. Во не­го ра­бо­ти ос­нов­но учи­ли­ште до IV од­де­ле­ние. На­сел­ба­та е сред­на по го­ле­ми­на, без по­го­ле­ми про­ме­ни во на­се­ле­но­ста. Во 1961 го­ди­на се­ло­то бро­е­ло 486 жи­те­ли, a во 1994 го­ди­на 467 жи­те­ли ма­ке­дон­ско население.

Цркви и Манастири

Пресвета Богородица

Св. Ѓорѓи

Св. Димитриј