Конче

        Оваа го­ле­ма на­сел­ба ко­ја­што е се­ди­ште и цен­трал­но ме­сто на исто­и­ме­на­та Оп­шти­на, се на­о­ѓа во из­во­риш­но­то слив­но по­драч­је на ре­ка­та Кри­ва Ла­ка­ви­ца, чиј атар се из­ди­га до ср­тот на Ко­неч­ка Пла­ни­на, ка­де што се до­пи­ра со про­сто­ри­те на оп­шти­ни­те Де­мир Ка­пи­ја и Ва­лан­до­во. Се­ло­то е рид­ско. на над­мор­ска ви­со­чи­на од 580 ме­ри. Од гра­дот Ра­до­виш се­ло­то, со асфал­тен пат е од­да­ле­че­но 20 km. Ата­рот е го­лем и за­фа­ќа про­стор од 45 km2. На не­го пре­ов­ла­ду­ва­ат шу­ми­те на по­вр­ши­на од 2.721 ha, на обра­бот­ли­во­то зем­ји­ште от­па­ѓа­ат 1.185 ha, а на па­си­шта­та 368 ha. На­сел­ба­та има ме­шо­ви­та зем­јо­дел­ска функ­ци­ја. Во неа ра­бо­ти осум­го­диш­но учи­ли­ште, има ам­бу­лан­та, по­шта, ур­ба­ни­стич­ки план, про­дав­ни­ци и ус­луж­ни об­је­кти.

        Кон­че би­ло зна­чај­но и поз­на­то ме­сто уште во сред­ни­от век. То­гаш во не­го, од­нос­но, мал­ку пред 1366 го­ди­на, бил по­диг­нат или об­но­вен ма­на­сти­рот „Св.Сте­фан". Во XIV век во не­го жи­ве­е­ла и умре­ла Кан­та­ку­зе­на, ќер­ка­та на Ѓор­ѓи Бран­ко­виќ. На ед­на над­гроб­на пло­ча од XIV век, се спо­ме­ну­ва вој­во­да­та Ни­ко­ла Ста­ње­виќ, кој­што се сме­та за ос­но­вач на ма­на­сти­рот.

        Кон­че е го­ле­ма на­сел­ба, ко­ја што во 1961 го­ди­на има­ла 980 жи­те­ли. од кои 566 би­ле Ма­ке­дон­ци, 402 Тур­ци и осум жи­те­ли Ср­би, а во 1994 го­ди­на 977 жи­те­ли, од кои 530 се Тур­ци, а 445 Ма­ке­дон­ци.

Цркви и Манастири

Св. Стефан

        Свети Стефан (позната и како Света Богородица) е средновековна манастирска црква во селото Конче. Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, во непосредна близина до основното училиште „Гоце Делчев“.

        Црквата претставува единствена црква на Конечкиот манастир. Црквата била започната во 1366 година, а била завршена до 1371 година, кога се претпоставува дека бил завршен и нејзиниот првобитен фрескоживопис.

        Во минатото, црквата била манастир со монаси и го носела името „Света Богородица“, по кое и денес е позната меѓу населението. Ова име се поврзува и со чудесната икона на Света Богородица. За иконата на Света Богородица се сметала дека има исцелителна моќ, па покрај христијани во црквата за исцеление доаѓале и муслимани.

        Во поново време, манастирот започнал да добива нови конаци, а и самиот манастирски двор е уреден и е изградена нова влезна порта.

Џамии

Џамија