Бараково
Бараково се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 м. Лежи недалеку од градот Демир Хисар на оддалеченост од 5,3 км. и тоа во североисточен правец. Атарот е мошне мал и зафаќа протор од само 1,8 км². На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха.
Селото има полјоделска функција.
Во Бараково се наоѓа археолошки локалитет Старо Село. Локалитетот претставува населба и црква од средниот век. Се наоѓа на 1 км. југоисточно од селото.
Селото е мало и во 1961 година броело 118 жители, а во 1994 бројот се намалил на 74 жители. Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 67, а денес има околу 50 постојани жители.