Штавица

        Штавица се наоѓа на југоисточната страна на Прилепско Поле. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп оддалечено е 18 км. Источно од Штавица се издига карпеста падина со прекрасно пасиште.

        Денешната Штавица е основана пред околу 170 години. Пред околу 90 години изградена е црква и е посветена на Рождеството на Пресвета Богородица.

        Во 1961 година, во Штавица живееле 258 жители, додека во 2002 година во селото имало само 84 жители.

        Во Штавица, во 1994 година, снимен е македонскиот филм „Пред дождот“, режиран од Милчо Манчевски. Овој филм во 1994 година беше номиниран за филмската награда Оскар.

Цркви и Манастири

Рождество на Пресвета Богородица