Дуње
Селото Дуње се наоѓа на северозападната страна на прилепскиот дел на областа Мариово, од левата страна на Црна Река. Во рамките на Општина Прилеп. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 29 км.
Како многу села во Мариово, така и од Дуње се иселил значителен број од населението. Според податоците 1961г. во селото броело 778 жители, а во 2002 година, во Дуње живеат 77 жители. Податоците говорат дека во село Дуње во 80-години на 20-век се напасувале околу 10.000 грла овци и друг крупен и ситен добиток.
Цркви и Манастири
Св. Петар и Павле
Св. Димитриј
Св. Ѓорѓи
Општина Прилеп