Бонче
Бонче се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, припаѓа на Пелагонискиот регион и се наоѓа распослано помегу Селечка Планина од југозапад и Дрен планина од североисток. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од околу 800 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 25км.
Јужно од село Бонче кон село Подмол и село Крушевица,се наоѓа таканареченото Старо Бонче-импозантно археолошко откритие.Се мисли дека ова би било епохално откритие, зашто се работи за град со кој владеел кралот на пелагонците кои во литературата се споменуваат како многу моќни во 4 век пред нашата ера, откриени се и гробови во кои се најдени монети од времето на Александар Македонски и други македонски владетели, како и римски бронзени монети. Откриена е заѕидана гробница со монументални димензии.
Како и многу други села од овој регион, така и селото Бонче го доживеало поразот од своето тивко исселување,во борбата за подобра животна егзистенција. Според пребројувањата во 1961г. селото имаше 580 жители а во 2002г. - 45 жители.