Древеник
Населбата се наоѓа во планински предел именуван како Орлак кој во минатото бил многу обрастен со шума, па оттука и името поврзано со богатството на дрва.
Населбата се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Битола, од десната страна на Црна Река, чиј атар се допира со територијата на Општина Демир Хисар. Селото е исклучиво планинска населба, на 1 180 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 24 км, а од најблискиот локален асфалтиран пат - 7 км. Патот до селото не е асфалтиран.
Максималниот број на жители во селото се искачил во 1914 г. до 501 жител откога започнува да се намалува. Населението се преселило во Лопатица, Долно Српци, во с. Суводол и во други поблиски села.
Во 1953 г. селото имало 440 жители, од кои 417 Турци, Албанци - 21 и 2 други. Бројот на жители значително почнал да се намалува, па така во 1961 г. селото броело 117 жители. Сега моментално нема постојани жители.
Населението се раселило во Битола, Турција, околните села и на други места. Во селото има џамија, празник на селото им е Бајрам.