Чагор

        Во атарот на некогашното село Чагор постои манастир Св. Никола изграден во 1600 година. Чагор било на 20 км северно од Битола.

        Селото е запишано во пописниот дефтер од 1468 година, со околу 180 жители. Низ селото течела река, имало извори и бунари. Се наоѓало на околу 800 м надморска височина. Чагор било соседно село на село Лопатица (2км оддалечено едно од друго).

        Во 1900 година имало 130 жители, а во 1914 година 30 жители. Раселувањето на селото се случило за време на Првата светска војна, кога последните 6 домаќинства се иселиле во 1926 година. Населението се иселило во Битола, Лопатица, Лисолај, Могила, Мојно, Тополчани, Секирани и други места.

 

Цркви и Манастири

Манастир Св. Никола