Црнобуки
Името на оваа населба се поврзува со богатството на растителни стебла од црна бука од каде што била и именувана населбата. Црнобуки се наоѓа во западниот дел на Битолско Поле. Селото е рамничарско, на 600 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 10 км. Низ селото минува реката Шемница.
Во 1961 г. имало максимален број од 849 жители, додека во 2002 г. опаднал на 406 жители. Се проценува дека од селото се иселиле над 500 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и европските држави.
Слава на селото е Атанасовден (15 мај).
Цркви и Манастири
Св. Димитриј
Св. Атанасиј
Општина Битола