Драгожани

        Населбата се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Битола, недалеку од регионалниот пат Битола-Демир Хисар-Кичево. Селото е рамничарско на 620 м надморска височина.

        Од Битола населбата е оддалечена 13, 5 км. Во него работи основно училиште до 4 одделение (подрачно училиште на ОУ „Александар Турунџев“ - с. Кукуречани).

        Во 1961 г. селото имало максимален број од 494 жители, додека во 2008 г. бројот се намалил на 148 жители. Најголем дел од населението се иселило во Битола, Скопје, Австралија, САД и други европски земји. Се проценува дека од селото емигрирале околу 300 лица.

        Во селото има црква Св. Богородица изградена 1875 г., како и манастир кој е во изградба. Слава на селото е Голема Богородица (28 август).

Цркви и Манастири

Успение на Пресвета Богородица

Манастир Св. Петка