Секирани
Според една легенда селото било именувано со ова име по еден крвав настан, кога во пресметките меѓу Македонците и Турците биле употребени секири. По овој настан жителите и селото ги именувале со сегашното име Секирани. Населбата се наоѓа на западната страна на Битолско Поле, непосредно од десната страна на реката Шемница.
Селото според конфигурацијата е ридско, на 645 м надморска височина. Во 1961 г. Секирани имало 372 жители, а во 2002 г. бројот се намалил на 114 жители. Вкупниот број на иселени лица изнесува околу 300, а најголем дел се иселиле во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.
Во селото има црква посветена на св. Никола. Истиот празник е слава на селото.
Цркви и Манастири
Св. Никола
Општина Битола