Црновец
Населбата си го добила името по почвата црница, којашто преовладува во нејзиниот атар. Црнеец се наоѓа на крајниот западен дел на Битолско Поле, и на крајниот северен дел од Општина Битола. Од Битола е оддалечена 18 км. Селото е ридско, сместено на 650 м надморска височина.
Црновец (Црнеец) во 1961 г. имало 636 жители, за во 2002 г. бројот значително да опадне на 86 жители. Бројот на емигрирано население изнесува преку 300 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и европските држави.
Слава на селото е Спасовден и Св. Петар.
Цркви и Манастири
Св. Спас
Манастир - Св. Петар и Павле
Општина Битола