Свиниште

        За првпат селото се споменува во турскиот опширен пописен дефтер во 1519 г. кога е запишано како Свиништа.

        Селото било ридско, сместено на 720 м надморска височина, со вкупен атар од 4, 2 км², потопен со Стрежевското Езеро. Свињиштани биле добри ловџии, вредни дрводелци, мајстори, умееле да градат куќи и биле добри сточари и обработувачи на млеко и волна.

        Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 235. По 1980 година селото е целосно раселено. На сите 150-тина свињиштани, односно на околу 40 домаќинства, на кои им биле одземени имотите поради градење на браната на ХМС Стрежево, им биле изградени куќи во Битола - Брусничка населба.

        На свињиштани им остана во сеќавање прекрасното планинско родно село, со мирен живот, со почитување на христијанските празници.

         Во селото црквата е посветена на св. Ѓорѓи, двокорабна, со датум на градба од 1864 г.  Во Првата светска војна црквата била разрушена, во 1926 г. обновена, а потоа во 1958 г. реновирана.

        Од Свиниште над 200 лица има раселено во САД, Канада, Австралија и низ европските држави.

 

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи