Стрежево

        Населбата била сместена во подножјето на планинските венци на Снеговско-облаковската маса, во непосредна близина на водотекот на реката Шемница. Селото било ридско на 787 м надморска височина, со вкупен атар од 8, 9км², кој во најголем дел е потопен од вештачката акумулација на ХМС Стрежево.

        Во вековите што изминувале селото било многу развиено. Така во 1961 г. броело 356 жители, за после многу брзо да се исели. Емигрирањето (околу 500 жители) било во прекуокеанските земји, во Европа и најпосле, по формирањето на акумулацијата, во Битола. Последно во 1981 г. Стрежево имало 110 жители. Од 1984 година селото целосно е иселено, а денес постојат само разрушени куќи и неколку новоизградени викенд куќички.

        Во селото има црква посветена на Св. Никола и манастир Св. Јован.

Цркви и Манастири

Манастир Св. Јован

Св. Никола