Метимир

        Населбата е сместена на крајниот северен дел на Општина Битола, во пазувите на планинските предели на планината Бигла. Од Битола е оддалечена 25 км и до селото води земјен пат преку селото Обедник. Сместено е на 820 м надморска височина.

        Легендата го потврдува фактот дека селото било запалено од турски и албански банди - зулумџии. Селаните слегле подолу и привремено биле сместени во село Свињиште. После се населиле на новото место и живееле во мед и мир.

        Главно занимање на метимирци им било сточарството, полјоделството, пчеларството и на крај печалбарството. Првите печалбари од селото заминале во Америка во 1890 г., а во Австралија 1925 г. Бројот на иселениците изнесува над 200 жители, раселени во Битола и други места, како и во странство - Австралија, САД, Канада.

        Метимир е во фаза на раселување. Во 1953 г. таа броела максимум 194 жители, а во 2008 г. само 8 жители.

Цркви и Манастири

Св. Никола