Гопеш
Планинска населба која се наоѓа северозападно од Битола, сместена во шумовитата падина на Бигла Планина. Селото е планинско на 1120 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 28км.
За време на Илинденското востание и по него во селото работеле 2 училишта, и тоа едно на грчки и едно на романски јазик. Само во 1900 г. се регистрирани 22 бакалници, 7 фурни, 5 касапници, 1 фотограф и 1 аптека. Иселувањето започнало уште по Првата светска војна, додека по Втората светска војна била миграцијата од Гопеш во Битола, Скопје, градови на поранешна Југославија, САД, Канада, Австралија и во Европа.
Селото Гопеш во 1961 г. имало 97 жители, во 1994 г. само 3 жители Власи, а во 2002 г. селото е целосно раселено. Доколку би се собрале сите генерации на раселени гопешани, нивниот вкупен број би достигнал над 5 000 лица.
Моментално во селото има изградено повеќе од 20 нови куќи и викендици. Познати фамилии од гопеши во Битола се: Папакоч, Кираца, Хрисиќ, Кошака и други. Во селото се наоѓа величенствено голема црква, посветена на Св. Сотир. (се градела од 1871 г. до 1879 г., а зоографисана е во 1886 г.).
Слава на селото е Свето Преображение - Св. Сотир.