Лера
Населбата се наоѓа во северниот дел на Цапарско Поле, непорсредно до реката Шемница. Според една легенда оваа населба ја основале луѓе кои побегнале од турските зулуми. Меѓу нив имало некој старец кој им делел сѐ подеднакво, по мера, затоа кај жителите бил присутен зборот мера, кој подоцна се трансформирал во денешното име Лера.
Селото е ридско, на 780 м надморка височина. Од Битола населбата е оддалечена 16 км. Најголем број на лерчани (300 жители) се иселиле во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.
Во селото има црква и Џамија. Црквата е посветена на св. Никола. Селото има две христијански слави. Првата слава им Св. Никола, а другата Митровден. Муслиманите го слават Бајрам.
Цркви и Манастири
Св. Никола
Св. Крст
Џамии
Џамија
Општина Битола