Рамна

        Населбата се наоѓа во западниот дел на Општина Битола, во микрообласта Цапарско Поле. Селото е ридско, на 810 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 15 км. Најверојатно името на населбата доаѓа од нејзината местоположба на релативно рамен терен.

        Кон 70-тите години на 20 век селото започна брзо да се намалува. Така во 1961 г. броело 299 жители, а во 2002 г. се намалило на 61 жител. Бројот на емигрираното население од селото изнесува над 200 лица. Населението е иселено во Битола, Скопје, Ресен, прекуокеанските земји и Европа.

        Слава на селото е Ѓурѓовден.

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи