Горно Српци

        Населбата е сместена западно од регионалниот пат Битола-Охрид. Селото од Битола е оддалечено 14 км и е вгнездено во планинските предели на Снеговско-облаковскиот масив.

        Најверодостојно е дека потеклото за името на ова село е во врска со конфигурацијата на теренот, односно потпирањето на еден потпланински лак налик на срп. Горно Српци се именува бидејќи има и друго село со слична местоположба што се вика Долно Српци.

        Населата се наоѓа на 910 м надморска височина и спаѓа во редот на ридските села. Поради силните емиграциони движења, населбата значително го намалила бројот на жители, така што од 650 жители во 1953 г. се намалила на 65 жители во 2002 г. Бројот на емигрирани српчани изнесува околу 500 лица, од кои најмногу се доселиле во Битола, Скопје, САД, Канада, Австралија и Европа.

        Над селото, на 950 м надморска височина има манастир, посветен на Пресвета Богородица. Слава на селото е Голема Богородица на 28 август. Горно Српци е карактеристична населба со прекрасна местоположба, родно поле и добра осонченост.

Цркви и Манастири

Св. Георгиј

Манастир - Успение на Пресвета Богородица