Старо Змирново
Населбата се наоѓала во средишниот дел на Снеговско-облаковската планинска маса и во Општина Битола.
Први податоци за населбата среќаваме во турските пописни дефтери од 1468 година.
Оваа населба од градот Битола е оддалечена 10 км. Селото е ридско, на 860 м надморска височина и до него нема асфалтен пат.
Во 1953 година имало 186 жители, а во 2008 г. само една фамилија одгледувачи на добиток. Најголем број од населението е иселено во Битола, Турција и во прекуокеанските земји: Австралија, САД и Канада.
Имало стара црква - Успение на Пресвета Богородица, денес не постои.
Општина Битола