Кукуречани

        Името на населбата доаѓа од името на растението кукурек, што е распространето во околината на селото. Оваа голема населба се наоѓа на западната страна на Битолско Поле. Селото има рамничарски карактер (600м надморска височина). Населбата од Битола е оддалечена 6 км. Во неа работи осумгодишното училиште „Александар Турунџев“.

        Кукуречани е голема населба, со максимален број жители во 1981 г. кога биле регистрирани 1 868 лица, а во 2002 г. - 966 лица. Како резултат на силното емигрирање по 50-тите години на 20 век, околу 1 100 лица емигрирале во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.

        Во селото има храм посветен на св. Никола. Ден на селото е Св. Никола летен (2 јуни).

Цркви и Манастири

Св. Никола