Ротино

        Населбата се наоѓа во подножјето на Баба планина, додека атарот претставува составен дел на Цапарско Поле. Сместено е на западната страна на територијата на Општина Битола. Селото е планинско, на 1 020 м надморска височина. Од градот Битола е оддалечено 14 км.

        Легендата за името на ова село е во врска со името на првиот жител што се населил во атарот, а се викал Коте, па така населбата ја завикале Котино, чие име подоцна се трансформирало во Ротино. Селото било средно по големина населба, па преминало во мало село.

        Во 1961 г. имало 573 жители, а во 2002 г. – 113 жители. Бројот на иселени ротинци изнесува над 500 жители. Населението од селото е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.

Цркви и Манастири

Св. Никола

Манастир Св. Илија