Трн
Името на селото е поврзано со трнестата околија, односно изобилството на трнеста вегетација. Населбата се наоѓа во средишниот дел на Битолско Поле, од десната страна на црна река. Селото е рамничарско, на 578 м надморска височина. Од градот Битола е оддалечено 10 км.
Трн во 1961 г. броело максимално 305 жители, а во 2002 г. бројот се намалил на 113 жители. Бројот на иселеното население изнесува над 200 лица. Населението е иселено во Битола, Горно и Долно Оризари, прекуокеанските земји и Европа.
Во селото има црква посветена на св. Никола. Слава на селото е Св. Никола летен (1 и 2 јуни).
Цркви и Манастири
Св. Никола
Општина Битола