Карамани

        За името на населбата постои легенда за потеклото на името која се поврзува со тоа дека поголем дел од атарот е покриен со земја црница - на турски кара, а подоцна се трансформирало во денешното име. Според други извори името е добиено со топонимизација на родовско-фамилијарното име Караман.

        Населбата се наоѓа во рамничарскиот дел на Битолското Поле, североисточно од градот и припаѓа на територијата на Општина Битола. Селото е рамнинско, на 579 м надморска височина. Од Битола е оддалечено околу 7 км. Во него има основно училиште до 4 одделение.

        Карамани е средна по големина населба, која во 1961 година броела 496 жители (максимум 529 жители во 1981 година). Како резултат на емиграцијата бројот на жители се намалил, така што во 2008 година селото броеше 320 жители. Од населбата емигрирале околу 300 лица. Најголем дел во Битола, Скопје, Австралија, САД, Канада и други европски земји.

        Во селото има црква посветена на св. Никола летен (2 јуни).

Цркви и Манастири

Св. Никола