Горно Оризари

        Горно Оризари е сместено непосредно на североисточната страна на Битола и со неговото проширувње веќе две децении се води како населба на градот.

        Најверодостојна за оваа населба е легендата дека на ова место се одгледувал ориз, а Горно Оризари се именувало бидејќи имало и друго село со слична функција кое се викало Долно Оризари.

        Во 1961 г. населбата броела 31 жител, а поради близината до градот, тоа станало имиграциско место, така што во 2002 г. достигнува до 2 454 жители, а во 2008 г. - 6 100 жители.

        Од населбата над 500 лица имаат емигрирано во Австралија, САД, Канада и во повеќе европски држави. Ден на населбата е Велигден.

        Горно Оризари секогаш претставувало одделна рурална средина, иако се наоѓа во најнепосредна близина на Битола.

Цркви и Манастири

Св. Петка