Братин Дол

        Се наоѓа во северозападниот дел на територијата на општина Битола. Селото е ридско на 820 м надморска височина и спаѓа во групата на ридски населби. Поради близината со Битола (околу 7 км) во последните неколку децении изградени се повеќе викендички.

        Селото го добило името по доселувањата на повеќе браќа од околните села, па затоа и месноста ја завикале Братин Дол.

        За прв пат се споменува во турските општини деферати од 1468 година. Во 1900 година селото имало 250 жители, во 1961 година 280 жители, а во 2002 година - 185 жители. Дел од населението се иселило во Турција (од 1956 г.), во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.

        Во селото храмот е посветен на Свети Спас (1866), а селска слава е Мала Богородица, на 21 септември.

Цркви и Манастири

Св. Спас