Долно Егри

        Селото се наоѓа во јужниот дел на Битолско Поле, на 578 м надморска височина. Населбата од Битола е одалечена 17 км. Денес површината на атарот на ова раселено рамничарско село е заедничка со површината на атарите на селата Горно и Средно Егри.

        За населението на Долно Егри е поврзан еден грозоморен настан. Имено, во 1903 г. по Илинденското востание, по наредба на солунскиот командант, чета од аскер пристигнала во Лерин, а потоа со возот заминала за Битола. Четата требало да го уништи селото Жабени, но се случило тие да видат дека имало светлина од домовите на Долно Егри, а воедно тоа било поблиску до железничката линија. Па влегле во селото и сѐ што можеле да соберат пред пушка убиле. Од селото опљачкале тоа што можеле да го носат со себе и пак се вратиле во Солун. Никогаш населението на Пелагонија не го заборавила тој грозоморен настан (забелешки од теренски истражувања на авторите, јули, 2008 г., раскажале потомците на тие што останале живи, скриени во бунарите, во трлата и реката).

        Во 1961 г. населбата имала 230 жители од кога започнува интензивно раселување. Така населбата наполно е раселена по 1981 г. кога броела 86 жители. Населението емигрирало во Битола, странство и околните села.

 

Цркви и Манастири

Св. Петка

Пресвета Богородица