Средно Егри

        Населбата се наоѓа во јужниот дел на Битолско Поле. Селото е рамничарско 579 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 15 км.

        Во селото Егри работи основно училиште до 4 одделение, како дел од подрачното ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Бистрица.

        Во 1961 г. селото имало 545 жители, а во 2002 г. - 299 жители. Бројот на иселеното население изнесува околу 500 жители, и тие како и другите села се иселиле низ градовите во Македонија, прекуокеанските земји и Европа.

        Поради згаснувањето на Горно и Долно Егри, денес Средно Егри се именува како село Егри, без додавката средно.

        Слава на селото е Архангел Михаил.

Цркви и Манастири

Св. Архангел Михаил

Св. Димитриј