Кременица

        Населбата се наоѓа на крајниот јужен дел од Битолско Поле. Селото е рамничарско, на 586 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 17 км. Најверојатно името на населбата е во врска со камен кремен.

        Во населбата има извори – фабрички капацитети за производство на минерална вода. Населението се занимава со полјоделство, но и со сточарство.

Во Кременица има училиште до 4. одделение (подрачно училиште на ОУ „Крсте Петков Мисирков“  – с. Бистрица).

        Според податоците од 1914 г., Кременица имала најмногу 2 403 жители, од кои повеќето биле Турци. По Првата светска војна, а поинтензивно во Втората и кон средината на 50-тите години на 20 век, жителите од населбата масовно се иселувале во Турција. Тогаш Кременица преминала од голема во средна, а од 1991 г. и во мала населба. Во 1961 г. селото имало 508 жители, а во 2002 г. – 134 жители. Над 200 лица се иселиле во Битола, прекуокеанските земји и Европа. Доселеници има најмногу од Сович, Живојно, Бач и од други села.

        Во селото има црква и  џамија. Црквата е посветена на св. Атансиј Велики. Празник на селото е Атанасовден, на 15 мај, и Бајрам.

Цркви и Манастири

Св. Атанас

Џамии

Џамија