Жабени

        Локацијата на селото е водоврична и блатна месност, па затоа секогаш имало водени жаби по чие име била именувана населбата.

        Населбата се наоѓа во јужниот дел на Битолско Поле, на територија на Општина Битола. Од Битола е оддалечена 11 км. Жабени е рамнинско село сместено на 585 м надморска височина.

        Бројот на емигранти од селото изнесува околу 400 лица, најголем број од иселеното население се доселило во Битола, Скопје, Кравари, прекуокеанските земји и Европа.

        Во населбата се наоѓа црквата Св. Атанасиј Велики (1837 г.). Ден на селото е Атанасовден летен (15 мај.)

Цркви и Манастири

Св. Атанас

Св. Атанасиј