Породин
Според раскажувања на жители од селото, името на населбата е во врска со поројот - воденото течение што минува низ село и има вода после силен дожд. Првото име на населбата било Порој или Пороин, а подоцна се трансформирало во Породин.
Населбата се наоѓа во јужниот дел на Битолското Поле. Селото е рамничарско, сместено на 598 м надморска височина. Од Битола населбата е оддалечена 13 км. Во непосредна близина на Породин (источно од селото) имало стара населба именувана како „Тумба“, познато во науката како „Породинска тумба“ со потекло од неолитот и се вбројуба во најстарите населби откриени во Македонија, што го потврдува фактот дека на тие простори имало живот и цивилизација од поранешните векови.
Во 1953 година Породин имало 523 жители. Под дејство на силната емиграција (традиција на овие простори) населбата се преполовила и во 2002 г. имала 202 жители. Најголем број се иселиле во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европа.
Ден на селото е Св. Петка.